Уште еднаш покажа дека има големо срце- успеа да разбуди дете од кома

 

За некој омилен, некој воопшто не го обожава, но Португалецот Кристијано Роналдо и овој пат покажа дека има големо срце.

14- годишниот Давид Павлацки заврши во кома при пад од неговиот велосипед. Родителите отидоа на специјалистичка клиника за опоравување на деца,  каде откако докторите ги дознаа навиките на момчето предложија на Дејвид да му се пушти натпреварот Реал Мадрид и Португалија. Тој наводно бил голем обожавател на Роналдо и докторите верувале дека ова би можело да му помогне на детето да се разбуди од кома објаснувајќи дека овој метод секогаш помага.

И навистина по три месеци Давид се разбудил од кома, баш во моментот кога Роналдо постигна хет-трик во Шведска во дополнителните квалификации за Светското првенство.

За оваа вистинита и неверојатна приказна дознал и самиот Роналдо, па Давид и неговите родители ги поканил на стадионот Сантиаго Бернадеу на натпреварот против Борусија Дортмунд.

Ова не е прв а веројатно ни последен хуман гест од светски познатиот фудбалер со големо срце.

 

 

07.04.2014 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега