"Суташ" ќе отвори 150 нови работни места
По денешната посета на фабриката Суташ, претседателот на Владата, Никола Груевски, истакна дека ова е можност за отварање нови работни места во Македонија.
Оваа турска компанија за производство на млеко досега инвестирала 13 милиони евра и вработила околу 80 луѓе, а во иднина се очекува бројот на вработувања да достигне до 150.
-Оваа компанија планира наскоро да отвори фарма на површина од 400 хектари и во моментот е во потрага по земјиште. На истата фарма ќе отворат и тренинг за фармери за производство на јунци кои ќе им ги даваат на индивидуалните фармери да произведуваат млеко, изјави премиерот Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа