Несреќа кај Врапчиште: Тешко повредено дете откако паднало од електричен тротинет
Вчера во 18 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на локален пат во с.Врапчиште, гостиварско, малолетник од с.Врапчиште, кој управувал електричен тротинет, паднал на коловозот.
Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
29.04.2025 - 14:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа