ВМРО: Работиме Македонија да биде најдобра по раст во регионот и да има модерна инфраструктура
Патниот транспорт е многу важна алка во синџирот на економијата на целата држава. Ова го велат денеска преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
- Се инвестира во развој на Mакедонија и интеграција во регионот. Има засилена динамика на градежни активности на терен. Се градат нови автопати, експресни патишта, модерни коридори. Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата паневропски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д. Се изгради и се пушти во употреба експресниот пат Куманово (Страцин)-Крива Паланка во должина од 25,5 километри и инвестиција од 107 милиони евра што е од големо значење за развој на економијата во источниот дел на Македонија. Се пушти во употреба експресниот пат Градско - Дреново дел од експресниот пат Градско Дреново Фариш со што од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десетина минути. Во Кавадарци се вложија 1,1 милион евра во пет села за патишта, се реконструира патниот правец Дабниште-Ресава. Се инвестира во сите општини во Македонија, во Студеничани се прави реконструкција на локалниот пат од Драчево до мотел Китка. Преку 500 илјади евра инвестиции во Желино за подобрување и реконструкција на локалните улици. Се промовираше асфалтирање во зимски услови на трасата на автопатот Кичево-Охрид, активност која за прв пат се применува после 50 години. Се реконструира патниот правец од Охрид до Свети Наум, велат од владејачката партија.
Додаваат дека се гради во Велес, Штип, Битола, Радовиш и низ цела Македонија.
- Градежништвото ќе биде мотор на економскиот раст. Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион и да има модерна и функционална инфраструктура, со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, велат од таму.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа