Татко и малолетен син тешко повредени: „Опел“ удрил во нив додека се возеле на мопед

 

На 01.03.2025 во 11.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од  ул.„Веселин Маслеша“ и ул.„Трајко Прокопиев“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(44) од Куманово, и мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(42) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.  

 

02.03.2025 - 12:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега