Трагедија на македонските патишта: Загина едно лице
Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на земјен пат кој го поврзува локалниот пат с.Оризари - с.Пресека со маало „Јовевци“ од с.Д.Пресека, кај место викано „Лозата“, патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(57) од с.Стар Караорман, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.Д.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кочани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа