Милионска штета во ЈП Национални шуми - референти и управители кривично ќе се гонат

 


СВР Струмица- ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (37) од Радовиш, референт по сеча, дотур и превоз во ЈП Национални шуми- подружница Радовиш, А.Л. (63)  од Радовиш, самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми во ЈП Национални шуми - подружница Радовиш, С.З (39) од Радовиш, самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми во ЈП Национални шуми- подружница Радовиш, А.К.(35)  од Радовиш, во моментот на сторување на кривичното дело на работно место самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми, а со задолжение помошник раководител на подружница ПСШ Плачковица Радовиш, И.Б.(41) од Радовиш, во моментот на сторување на кривичното дело раководител - директор на подружница Шумско стопанство „Плачковица“ Радовиш, Т.А.(51) од Радовиш, управител на правен субјект од с.Дедино, општина Конче, С.Н. (51) од с.Раклиш, радовишко,  управител на правен од с.Дедино, општина Конче.Постои основано сомневање дека пријавениот Г.Ѓ. ги сторил кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“  по член 353 став 4,  „несовесно работење во службата“ член 353 -в став 3 „измама во службата“ член 355 став 1 и „фалсификување службена исправа“ по член 361 став 1 и 2 од КЗ, пријавениот А.Л. е осомничен дека го сторил кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ член 353 став 4, пријавената С.З. исто така е осомничена за сторено кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ член 353 став 4, за пријавениот А.К. постои основано сомневање дека ги сторил кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ член 353 став 4 и „фалсификување службена исправа“ член 361 став 1 и 2, пријавената И.Б. се сомничи дека ги сторила кривичните дела „несовесно работење во службата“ член 353 -в став 5 и „фалсификување службена исправа“ по член 361 став 1 и 2, а  пријавените Т.А. и С.Н. ги сториле кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ по член 275 – в став 2 и „фалсификување и уништување деловни книги“ по член 280 став 1 и 3 од Кривичниот закон.Пријавениот Ѓ.Ѓ злоупотребувајќи и искористувајќи ја својата службена положба и овластување како лице вработено во ЈП Национални шуми на работно место референт за сеча, дотур и превоз во текот на 2023 и 2024 година,  несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности, го давал на користење на неовластени лица чеканот со жиг кој му бил задолжен со реверс, при што постапил спротивно на одредбите од Правилник и член 69 од Закон за шумите, изготвувал фиктивни испратници за правните субјекти од село Дедино, каде што како управители се јавуваат Т.А. и С.Н., на кои фалсификувал потпис и на тој начин прикажувал помала количина на дрвна маса од реалната. Вака изготвените фалсификувани испратници ги доставувал  до сметководство во ЈП Национални шуми ПШС Плачковица Радовиш, врз основа на кои се изготвени соодветни фактури кон правните субјекти за помал износ за плаќање од реалниот, со што правните субјектии се стекнале со противправна имотна корист на штета на ЈП Национални шуми п.о. Скопје ПШС Плачковица Радовиш. Бидејќи според договорите овие правни субјекти требало да извршат дотур на определена количина дрва, со цел да се постигне таа количина, пријавениот Г.Ѓ.  два примероци од испратница (за купувачот и превозникот) пополнувал со реална количина, а два примероци (за сметководството и еден кој останува во кочанот) ги пополнувал со помала количина. Воедно, дрвата кои биле превезувани биле од сеча во друг оддел, а не од одделот прикажан во самата испратница.

Пријавениот А.Л. и пријавената С.З. како одговорни лица потпишале прием на сеча и дотур на дрва, без притоа да констатираат фактичка состојба, односно точна количина на дрвена маса. Исто така пријавените Г.Ѓ и А.К. и пријавената И.Б. изготвиле два месечни извештаи, кои биле заведени со ист архивски број, во кои прикажале различни податоци за сеча и дотур, односно еден извештај бил за количина од 0 м3, а другиот за 700 м3. Пријавената И.Б извршувајќи ја функцијата раководител-директор на ПШС Плачковица Радовиш во период од 01.02.2022 година до 17.07.2024 година, кривичното дело „несовесно работење во службата“ го сторила на тој начин што согласно нејзините дискрециони овластувања не постапила согласно описот и пописот за систематизација на работни места, каде што децидно е наведено дека е должна да прави контрола, а додека кривичното дело „фалсификување службена исправа“ го сторила на тој начин што потпишала два исти месечни извештаи за сеча, дотур и превоз заведени со ист архивски број со различна количина на дрвни сортименти. Пријавените Т.А. и С.Н. како управители на правните субјекти кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ го сториле на тој начин што свесно со неизвршување на обврските од претходно потпишаните договори за вршење на сеча, дотур и превоз, а со намера истите да се изиграат или со цел да не им се активира претходно депонираната банкарска гаранција и да не добијат негативна референца за понатамошните апликации согласно Е - системот за вршење на јавни набавки, ги сториле погоре опишани инкриминации потпомогнати од пријавените лица вработени во ЈП Национални шуми подружница Плачковица Радовиш и на тој начин за себе прибавиле противправна имотна корист, а на штета на ЈП Национални шуми Скопје подружница Плачковица Радовиш, а додека кривичното дело „фалсификување или уништување деловни книги“ го сториле на тој начин што дрвната маса од сетот испратници не се уредно пријавува во нивното сметководство, односно материјалната сметководствена евиденција ја вршеле по добивање на фактурите и испратница изготвени од ЈП Национални шуми п.о. Скопје ПШС Плачковица Радовиш , а додека примерокот од испратницата кој бил даван за превозникот свесно го уништувале за да ја прикријат фактичката состојба на превезени дрвени сортименти. Од страна на СВР Струмица – ОВР Радовиш во координација со Државен инспекторат за шумарство и ловство Скопје и ОЈО Радовиш бил извршен увид, при што се констатирани горенаведените неправилности, а воедно од страна на ДИШЛ  од правните субјекти била одземена дрвена маса во вкупна количина од 105 м3, која била противправно стекната со извршување на кривичните дела. Со сето погоренаведеното пријавените лица ги имат сторено опишаните кривични дела, со што е нанесена вкупна штета на ЈП Национални шуми п.о. Скопје ПШС Плачковица Радовиш во висина од 4.284.332,68 денари.

26.12.2024 - 16:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега