Прегазени двајца пешаци во Скопје и Охрид
Двајца пешаци настрадале вчера во сообраќај во Скопје и Охрид.
-Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „пежо 407“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.А.(52), удрило во Ц.П.(74), двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.П., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, се вели во полицискиот билтен.
Вториот случај се случил на семафорите помеѓу булеварот „Партизанска“ и „рузвелтова“.
-Вчера во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(30), удрило во В.М.(72), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала. Увид извршила екипа од СВР Скопје, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа