Бројот на смртни случаи во ЕУ се зголемува поради загадениот воздух
Загадувањето на воздухот со ситни честички уби речиси 240.000 луѓе во Европската унија во 2022 година, што е пад од пет проценти во споредба со претходната година, се вели во извештајот објавен од Европската агенција за животна средина.
Агенцијата процени дека има „најмалку 239.000“ смртни случаи кои се припишуваат на изложеност над препорачаните нивоа на ПМ2,5, најмалите честички за вдишување најопасни по здравјето на луѓето.
Бројот на смртни случаи како резултат на изложеност на штетни честички е најголем во Италија, Полска и Германија.
Низ континентот, оваа бројка е намалена во споредба со 2021 година, кога честичките, кои можат да навлезат длабоко во белите дробови, предизвикаа 253.000 предвремени смртни случаи.
Помеѓу 2005 и 2022 година, бројот на смртни случаи што се припишуваат на PM2,5 падна за 45 проценти, така што Агенцијата се надева дека ќе ја постигне својата наведена цел за намалување на таквите смртни случаи за 55 проценти до 2030 година.
Во извештајот се наведува дека има 70.000 смртни случаи кои се припишуваат на изложеност на загадување на озон (О3), особено од патниот сообраќај и индустриска активност, и 48.000 предвремени смртни случаи кои се припишуваат на вдишување на азот диоксид (NO2), главно од возилата и термоцентралите.
Агенцијата посочува дека загадувањето на воздухот и понатаму останува најголемата еколошка закана за здравјето на Европејците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа