Кадиров: Трамп „не поставува услови“, одлучувачкиот чекор во мирното решавање на конфликтот во Украина е на Путин
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „не поставува услови“ и дека одлучувачкиот чекор во мирното решавање на конфликтот во Украина е на рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров рече дека Трамп може да престане да финансира и испраќа платеници „кои се испратени да го убиваат рускиот народ“, но само Путин може да го направи одлучувачкиот чекор.
„Само нашиот претседател става крај. Се друго се празни муабети“, рече Кадиров, пренесува агенцијата ТАСС.
09.12.2024 - 13:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа