Курдите зазедоа град во Сирија

 

Курдскиот сојуз поддржан од САД го зазеде источниот сириски град Деир ел Зор, соопштија денеска три сириски изворa.

Два безбедносни изворa со седиште во источна Сирија соопштија дека коалицијата, позната како Сириски демократски сили (СДФ), попладнево ја презела целосната контрола над Деир ал Зор.

Напредувањето на СДФ доаѓа додека сириските бунтовници предводени од Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), исламистичка група порано поврзана со Ал Каеда, напредуваат кон централниот сириски град Хомс. Бунтовниците веќе го освоија северниот град Алепо минатата недела и градот Хама на почетокот на оваа недела, нанесувајќи му ги најголемите удари на Асад во последните години.

Во исто време Јордан го затвори единствениот патнички и комерцијален граничен премин со Сирија.

Извор од сириската војска изјавил за Ројтерс дека вооружените групи пукале на граничниот премин Насиб меѓу Сирија и Јордан.

Извори известуваат дека СДФ го освоила и граничниот премин Албу Камал со Ирак. Турција ги смета курдските групи за терористи и тврди дека сириската армија го напуштила Деир ел Зор за полесно да се справи со антирежимските сили.

06.12.2024 - 19:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега