Хипер: Украина треба самата да одлучи за условите за мировни преговори
Русија може уште денеска да ја запре војната во Украина, доколку ги повлече своите трупи и воена опрема од украинската територија, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер во одговор на прашање за ставот на ЕУ за изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров дека како предуслов за преговори околу конфликтот во Украина, Москва бара да нема распоредување на странски војници во земјата и да бидат укинати санкциите воведени кон неа.
-Останува на Украина самата да одлучи за вистинските услови за преговори и ЕУ ја поддржува иницијативата на (украинскиот) претседател (Володимир) Зеленски за праведен мир заснован на почитување на независноста на Украина и нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, согласно Повелбата на ОН, рече Хипер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа