По силниот земјотрес во Калифорнија: Предупредување за цунами
Луѓето долж брегот на Калифорнија и Орегон вечерва се повикани да бараат повисоки места по големиот земјотрес што предизвика предупредување за цунами.
Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на северна Калифорнија, а потресите се почувствуваа низ целиот регион. Епицентарот на земјотресот бил 39 милји западно од Петролија, Калифорнија и бил многу плиток, а се случил на помалку од 1 милја под површината на Земјата. Според Националниот центар за предупредување од цунами, издадено е предупредување за цунами за дел од брегот на Калифорнија и Орегон, вклучувајќи ја и областа на заливот Сан Франциско. „Евакуирајте се во внатрешноста или на повисоките места над и надвор од назначените зони за опасност од цунами или преместете се на горниот кат на повеќекатната зграда во зависност од вашата ситуација“, се вели во билтенот на центарот. Се предвидува дека првите бранови на цунами ќе стигнат до Кресент Сити, Калифорнијаи во Сан Франциско. Почетните бранови на цунами, исто така, може да стигнат до Брукингс, Орегон и Чарлстон. Врз основа на најновите податоци, нема закана од цунами за Хаваи или други области на Тихиот Океан
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа