Алармантни бројки: Хоспитализациите поради грип во Велика Британија се зголемени за 350%

 


Во Велика Британија бројот на хоспитализирани пациенти поради грип е зголемен за повеќе од 350 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека Националната здравствена служба (НХС) се соочува со „четирикратна епидемија“, јави денеска Скај њуз.

– Веќе некое време имаше предупредувања за „тројна епидемија“ на Ковид, грип и РСВ (респираторен синцицијален вирус) оваа зима, но со порастот на случаите на норовирус, ова брзо може да стане „четирикратна епидемија, рече шефот на НХС Стивен Повис. Тој ги повика сите луѓе кои не се вакцинирани да се вакцинираат за да се заштитат.

Според последните податоци на Националната здравствена служба, изминатата недела по 1.099 илјади кревети секој ден биле зафатени од возрасни лица со симптоми на грип, а бројот на хоспитализирани поради грип е зголемен за 352 отсто во однос на истиот период лани.

05.12.2024 - 15:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега