Избувна пожар во дом за стари лица во Шпанија: Има загинати и повредени
Десет лица загинаа, а најмалку две се тешко повредени рано утринава во пожар во домот за стари лица Жардинес де Вилафранка во шпанскиот град Вилафранка де Ебро. Пожарот е изгаснат, пренесува „Хералдо“.
Пожарникарите во Сарагоса во 5 часот утринава биле известени за пожар во дом за стари лица. Пожарот е изгаснат, а зградата е проветрена, а станарите се вселиле во дневните соби. Засега не се познати причините за пожарот и бројот на повредени.
Десет лица кои биле во зградата починале од вдишување чад, пренесува медиумот.
Во моментот на пожарот во резиденцијата, наменета за згрижување на стари и лица ментален хендикеп, живееле 82 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа