Трагедија на автопатот Демир Капија - Гевгелија: Загина возач на камион - удрил во заштитната ограда

 


Вчера во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија - Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(54) од с.Инџиково, скопско, удрило во заштитна ограда.

На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

12.11.2024 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега