СДСМ: Функционерите да имаат само македонско државјанство
„Скандалот со Сања Божиновска која неколкупати ги излажа граѓаните за нејзиното бугарско државјанство како и за вистинските мотиви да го побара истото, го покажува лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Додека тој вели дека е против Бугарите во Уставот, него очигледно не му смета бугаризација во Владата.“, велат од СДСМ и додаваат:
„Ставот на Христијан Мицкоски дека има поголеми и помали Македонци е омаловажувачки. Фактот дека Сања Божиновска поседува бугарски пасош е „поголема Македонка“ од тие кои останале верни на својот македонски идентитет е навреда за сите кои не извадиле бугарски пасоши.
Лажниот патриотизам треба да биде заменет со лојалност кон татковината и искреност пред граѓаните.
Македонските граѓани заслужуваат лидери кои немаат резервна татковина, туку имаат само една држава и се лојални кон Република Северна Македонија.
Затоа СДСМ ќе поднесе иницијативата за законски измени во Собранието со кои ќе се постави јасен услов: премиерот, вицепремиерите, министрите, пратениците и претседателот на државата да бидат лица кои имаат само македонско државјанство.
Овие измени ќе бараме да важат веднаш и за актуелниот состав на Владата.
Лојалноста кон народот и кон иднината на нашата земја е основен предуслов за секој кој бара доверба и ја има одговорноста да управува со државата.
Нашиот став е јасен: политичарите мора да бидат лојални на народот и државата.
Го повикуваме Христијан Мицкоски и ВРМО-ДПМНЕ да ја прифатат оваа иницијатива со која ќе ги осигуриме институции дека ќе ги водат луѓе кои искрено стојат зад оваа држава, и луѓе кои не се под влијание на други држави.“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа