ВРЕДИ: ДУИ е политичка партија која ги заборави Албанците

 

ДУИ е политичка партија која ги изневери Албанците. ДУИ е политичка партија која ги заборави Албанците, а се грижеше единствено за богатството на неколку луѓе од врвот на партијата, велат во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

Денес сакаме јавно да поставиме прашање дали ДУИ е спремна да се соочи со одговорноста за тоа што работеше единствено за личен интерес на поединци од својот врв.

Дали ДУИ е спремна конечно да и објасни на јавноста за десетици и десетици афери и скандали кои се случија во минатите години.

Каде завршија 14 милиони евра отпишани долгови спрема фирми снабдувачи со електрична енергија, чии сопственици беа деца и роднини на луѓе од врвот на ДУИ и СДСМ?

Каде завршија скоро 400.000 евра доделени незаконски како спонзорства на разни фитнес студија и спортски клубови од страна на МЕПСО, без никакви критериуми и транспарантност?

Каде завршија парите од доделените десетици и десетици концесии за фотоволтаични и хидро централи доделени на деца и роднини на истите функционери од претходната власт?

Каде завршија парите од криминалните набавки за мазут во четири очи за потребите на с ТЕЦ Неготино, спроведени со сомнителни фирми во минатото?

Дали ДУИ ќе им објасни на своите гласачи, но и на сите гласачи Албанци, каде завршија парите одземени од нашите луѓе во стотиците коцкарници кои ги отворија во нивните мандати?

Дали ДУИ ќе каже за чиј интерес и сметка работеше фирмата Еуровиа која ги добиваше сите тендери во неколку министерства предводени од кадри на ДУИ?

Најдобронамерно им упатуваме порака на ДУИ да се посветат на расчистување на својот двор. Граѓаните бараат одговори за сите криминали кои се случија минатите годинии.

Гласачите дадоа јасна порака. Не сакаат повторно да гледаат и слушаат од луѓе кои докажаа дека ги интересира само своето богатење.

Добро е што ДУИ конечно прифати дека е опозиција.

Ние ќе направиме се што е потребно, граѓаните да бидат задоволни и да знаат дека власта работи за нивниот интерес, стои во соопштението на ВРЕДИ.

07.10.2024 - 17:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега