Излета автомобил во Кратово - тешко повредена млада скопјанка


Вчера во 15.25 часот во Полициската станица Кратово, било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Кратово, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(31) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата В.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кратово.

 

29.09.2024 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега