Актерот се повреди на сет на новиот „Индијана Џонс“ – снимањето продолжува без него
Актерот Харисон Форд го повредил рамото за време на снимање на сцена за новиот филм „Индијана Џонс 5“. Поради повредата Форд тој оди на кратка пауза од снимањето додека не се опорави, а во меѓувреме режисерот Џејмс Манголд ќе го продолжи снимањето без него.
-За време на снимање на боречка сцена Харисон Форд се здоби со повреда на рамото, изјави портпаролот на Дизни, додавајќи дека распоредот на снимање ќе биде променет според потребите.
Ова не е првпат Форд да се повреди на снимање на некој филм. Во 2014 година актерот се повреди на сетот на седмото продолжение од „Војна на ѕвездите“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа