ФОТО: Џенифер Лопез се враќа на старото- „уловена“ со другиот поранешен сопруг
Пејачката Џенифер Лопез беше фотографирана со уште еден поранешен, само еден ден откако папараците ја фотографираа со Бен Афлек, во луксузна вила во Мајами.
Имено, Џенифер беше фатена со Марк на 27 мај, за време на ручекот во Мајами, каде беа целосно сами.
Се чини дека некои од фотографиите ги направил еден од гостите во ресторанот, бидејќи тие се прилично нејасни, но јасно е дека на нив се гледаат поранешни сопружници кои навистина уживале во ова пријателство.
Инаку, ресторанот се наоѓа на терасата на хотелот W South Beach.
Да потсетиме, Лопез неодамна ја раскина свршувачката со Алекс Родригез, а само неколку дена подоцна беше фотографирана во Монтана, а потоа и во Мајами, со Бен Афлек, со кого очигледно ја обнови својата романса по 17 години.
Двојката помина денови во луксузна вила во Мајами.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа