Просто неверојатно: Американка намерно кашлала врз продукти во маркет- и се заканува обвинение за тероризам

 

Жената која намерно кашлала врз храната во продавница во Пенсилванија се соочува со кривична пријава, соопштила полицијата.

Неоменувана жена влегла во еден од поголемите маркети во градот Хановер и почнала да кашла врз пекарските производи, месото и останатите продукти во маркетот, напишал на фејсбук ко-сопственик Фасула на ланецот маркети на Фејсбук.

Вработените морале да ги отстранат сите продукти и да ги дезинфицираат местата каде таа кашлала, а се проценува дека продуктите вределе околу 35.000 долари.

Вработените брзо ја избркале од маркетот, а по неколку часа таа била пронајдена и уапсена, пренесува СНН.

„Официјалните лица не веруваат дека жената е заразена со коронавирус, но тие рекле дека ќе направат сѐ за таа да биде тестирана“, напиша Фасула.

Како што рече, иако се верувало дека станува збор за „многу чудна шега“, продавницата морала да го фрли секој производ со кој жената имала контакт и да се дезинфицира областа каде што се движела.

"Апсолутно ми е мака од изгубената храна. Секогаш е штета да фрламе храна, но во ова време кога луѓето се загрижени дали ќе има доволно залихи, тоа е уште повознемирувачко", рече Фасула.

Се уште не е познато со каква тужба ќе се соочи жената откако ќе заврши третманот за ментално здравје.

Министерството за правда на САД ретходно соопшти дека луѓето кои намерно го шират вирусот корона, можат да бидат обвинети за тероризам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега