Сара открила генијален трик за длабинско чистење на јорганот. „Згрозена сум од тоа што излезе од него“

 

Една домаќинка на популарната Фејсбук група „Mums Who Clean" споделила фотографии од јорган откако го испрала, истакнувајќи дека е шокирана од валканиците кои излегле од него, со оглед на тоа дека често го одржува.

Имено, Сара од Австралија акцентирала дека редовно треба да се перат прекривките и јорганите во машина за перење, а но и дека одлучила длабински да го испере својот јорган откако нашла едноставен тест за тоа.

Šokirala se kada je videla kakvu je prljavštinu pokrivač ostavio

Трикот е многу прост - се што треба да направите е да го ставите јорганот во када полна во врела вода неколку часа да отстои. После тоа ставете го во машина за перење на некој краток програм, а потоа оставете го на сушење.

Сара ова го направила, а количината на валканици кои ги затекнала ја запрепастиле.

Rezultat je na kraju ipak sasvim čist jorgan!

„Го перам еднаш месечно во машина за перење, но овој месец одлучив да го пробам овој метод. После само половина час видов дека водата е валкана и бев вџашена и засрамена. Ова е навистина одвратно. Згрозена сум, но морам да го споделам ова. Не верувам под што сум спиела“, напишала таа во опис на фотографијата.

Бројни корисници истакнале дека и самите го испробале овој метод и дека затекнале слични резултати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2020 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега