Најтажната принцеза на светот: „Немав причина да се насмевнам, некогаш ми е тешко да се смеам“

 

Принцезата Шарлин од Монако важи за една од најубавите европски принцези и жена која зрачи со професионалност, но го има и епитетот “жена без насмевка“ со оглед на тоа што неа навистина е ретко да ја видиме како се смее.

Оваа убавица не престанува да ја следи и епитетот “најтажната принцеза“ на светот, а таа многу години досега не се огласила по повод на тие гласини сè до неодамна кога за јужноафриканскиот магазин „Huisgenoot“ немала многу причини за да се смее.

Princeza Šarlin

Шарлин истакнала дека имала тешка година, дека изгубила две блиски пријателки како и дека нејзиниот татко имал тешки здравствени проблеми.

„Луѓето брзаат со заклучоци и ги интересира зошто ретко се смеам. Некогаш тешко ми е да се насмеам. Луѓето не знаат што се случува во позадина“ - започнала таа.

„Минатата година ме докрајчи, беше многу болна за мене. Имам привилегија да живеам ваков живот, но ми недостасуваат семејството и пријателите и често сум тажна поради тоа што не можам да бидам покрај нив кога им требам“ - заклучила оваа 41-годишна принцеза.

Princeza Šarlin

Многумина сметаат дека нејзината континуирана тага и недостаток на ведрина е поради нејзиниот сопруг Алберт од Монако.

Да ве потсетиме дека Алберт се оженил со две децении помладата Шарлин во 2011-та година по 11 години врска. Парот романсата ја започнал во 2000-та година во текот на некој пливачки натпревар во Монте Карло во кој принцезата била натпреварувачка.

Princeza Šarlin sa suprugom Albertom

Шарлин поради тој брак ја променила и својата вера во римокатоличка иако била растена како протестант, а исто така морала да се откаже и од својата спортска кариера, да го совлада францускиот јазик и локалниот дијалект на некои од жителите на Монако и да ги научи правилата на европскиот дворец.

Таа е жртва на овој брак, но и нејзиното цело семејство кое се доселило во Монако.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2020 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега