ФОТО: Наташа беше најважната жена во неговиот живот - 10 години по нејзината смрт актерот и понатаму не може да се помири
Актерот Лиам Нисон скоро никој не го препозна кога пред два дена се појави на аеродромот ЈФК во Њујорк, со качкет на глава, со кој бесупешно се обидувал да ја сокрие седата коса.
Обожавателите искоментирале дека актерот на фотографијата изгледа старо и запуштено, а некои негодувале дека се свртел кон пороците, поточно кон алкохолот.
Инаку, Лиам веќе се бореше со пороци пред 10 години, откако во март 2009 година неговата сопруга доживеа несреќа.
-Разговаравме на телефон и ми рече „Миличок, малку паднав на снег“. Така таа тоа го опиша - раскажал актерот за моментот кога дознал дека неговата сопруга се повредила во несреќа во училиштето за скијање. Паднала на стаза, а на главата немала кацига.
Во тој момент Нисон снимал филм во Торонто, па веднаш слетал во болницата во Монтреал, каде лежела Наташа. Лекарите на почетокот мислеле дека повредата е лесна, но неколку дена подоцна таа паднала во кома поради излив на мозокот. Актерката во живот ја одржувале апарати.
-Стоев покрај неа и ѝ реков, иако не ме слушаше, дека ја сакам. Ѝ реков „Драга од овде не се враќаш, силно си ја удрила главата. Замина. Те враќаме во Њујорк каде ќе ги собереме пријателите и семејството“, -раскажал актерот по нејзината смрт, кој на лекарите им дал дозвола да ја исклучат од апарати.
-Таа и јас имавме договор дека ако некој од нас заврши во вегетативна состојба, ги исклучуваме апаратите. Тоа и го направив. Наташа донираше три свои органи, па во моментов одржува тројца луѓе во живот. Даде срце, бубрези и црн дроб - открил актерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа