ВИДЕО: Водителка дознала дека е болна пред камери - се гушела во солзи, додека се обидувала да пренесе важна порака

 

41-годишната водителка Али Мејер е популарна новинарка од Оклахома, која додека одела во програма во живо била целосно опуштена додека не го дознала најлошите вести во својот живот.

Работела на прило со желба на жените да им го сврти вниманието кон важноста од превенција на рак на дојка и редовни прегледи, па на гледачите им се јавила во живо, а својата прва мамографија сакала да ја сподели пред камерите.

--Се надевав на рутинска мамографија, но еве како помина. Бев уверена дека нема да се случи ништо посебно, меѓутоа имам рак на дојка - рекла Али со солзи во очите.

-Имам многу прашања на кои уште немам одговор - рекла плачејќи.

-Следната недела ќе одам на магнетна резонанца за да се потврдат резултатите и за да дознаеме повеќе за канцерот со кој се борам - додала.

Но, лекарите рекле дека боледува од неинвазивен дуктален карцином во десната дојка. На нејзина среќа, процентот на преживување е многу голем, но докторите ќе мора да ја отстранат дојката.-Ужасно е чувството, поради фактот дека ракот практично ви го јаде телото - рекла Али која после операцијата имала реконструкција која исто така ја снимила.

За среќа, успеала целосно да оздрави и денес редовно оди на прегледи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2019 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега