Еден од најголемите хитови на Шабан крие голема тајна: Ја напишал келнер а зад неа стои љубовна приказна
Снимање на албумот на Шабан Шаулиќ започнало кога имал само 18 години, во 1969 година, а прва песна му била „Дајте ми утеха“ со која станал вистинска ѕвезда.
Неговиот талент е слушнат од хармоникашот Будимир Буцо Јовановиќ кој до 70- те пишувал песни за него.
Разделбата со Буцо се случила во 1975 година, а тогаш Шабан увидел дека покрај моќен вокал поседува и талент за стварање мелодии.
Песна која го одбележа тој период беше првиот хит на Шабан кој сам го компонирал „Увенуче нарцис бели“.
Зборовите од оваа песна која и ден денес се слуша ги напишал Бранислав Цветиновиќ Лаки, угостител, родум од Шабац.
Лаки работел како келнер во еден ресторан, и имал веќе напишано неколку текстови, не по нарачка туку сам за своја душа од својот личен живот.
Додека келнерот ја пишувал песната, до него стоела фотографија од девојка и бел нарцис кој сакал да и го подари, но задоцнил и не ја нашол, влегол Шабан во ресторанот и кажал дека има турнеја за Австралија па го прашал дали има некој текст за него, а Лаки му ја дал штштукку напишабната песна.
Шабан ја прочитал песната и рекол дека многу му се допаѓа и сака да ја сними, кога се вратил од турнејата Шабан ја снимил песната.
Така настанал хитот „Увенуче нарцис бели“, а зад текстот се крие невозвратена љубов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа