Развиено„шесто сетило“:Фотографите на свадба знаат дали бракот ќе успее или не, а ова се тајните знаци

 

Фотографи кои работат на венчавки на друштвената мрежа „Редит“ навеле како развиле“шесто“ сетило и знаат веќе кои парови ќе останат заедно, а кои брзо ќе се разведат.

„Младоженецот неколку пати и намигнуваше на организаторката и нејзината асистентка и тоа не така лежерно како се е во ред, фала, туку заводливо, како што може да се види во ноќните барови.Беше тажно за гледање“ вели еден фотограф.

Уште еден пример е знак дека бракот нема да успее кога еден од партнероте ќе добие парче торта во лице од другиот.

Се покажало повеќе пати дека парот кој го направил ова, се почесто се разведуваат.

Се работи за почит, оние кои се сакаат и почитуваат никогаш нема да го доведат партнерот во непријатна ситација пред очите на присутните.

Или пак ако еден од партнерите е изразито тивок и тоа може да биде знак дека нешто се случува.Можеби некоја ванатрешна борба со прашањата дали сум доволно добар или страв или слично, но обично таквите бракови не трајат долго.

Сепак имало и други ситуации како на пример невестата стоела во маичка со мики маус и фармерки, тажна бидејќи венчаницата не стигнала на време. Нејзиниот вереник го соблекол оделото и рекол „Одиме време е “ и така се венчале, таа во фармерки, а тој во боксерки, зарем тоа не е љубов, напишал еден фотограф.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2019 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега