Камерите снимиле ужас: Покосил работник со автомобилот и побегнал (ВИДЕО)

 

На интернет се појави снимка од Јужна Африка каде се гледа како автомобил покоси работник  на патот.

Полицијата покренала и истрага против возачот кој возел околу 100 километри на час и немилосрдно удрил во работникот, кој носел портокалово одело, а после страшниот удар воопшто не застанал туку си го продолжил патот.

Несреќата ја снимил брачен пар кој возел зад него.

„Беше ужасно. Плачевме, а нашите деца беа преплашени“ рекла жената.

За среќа работникот преживеал, но се здобил со тепки повреди и бил пренесен во болница.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2019 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега