Уловен еден од најголемите питони- змија долга пет метри, која може да голтне и елен (ФОТО)
Група истражувачи од Флорида уловија женка питон долга 5,2 метри и тешка 140 килограми, која според зоолозите, е доволно цврстa и силна за да голтне и елен.
Змијата подолга од еден кат на куќа, истражувачите ја уловиле користејќи мажјаци со радиопредаватели на нив, за време на сезоната на парење. Според нив, тоа е еден од најголемите питони што го виделе во живо во нивната кариера
– Екипата не само што ги собира грабливите змии, туку прибира податоци и за научни истражувања, изработува нови алати за нивно отстранување и открива како питоните се размножуваат, изјави еден член на тимот.
Змијата имала 73 јајца. Овие влекачи не се соочуваат со грабливци посилни од нив во природната средина во Флорида и затоа нивното размножување оди доста брзо, па тие самите стануваат „голема закана за тамошната дива природа”, оценуваат истражувачите.
Бројот на питони во САД денес повторно се приближува до рекордните 300.000, иако американските власти го забранија нивниот увоз во 2012 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа