Пресврт во случајот со киднапираното момче- ДНК тестот ја откри вистината (ВИДЕО)

 

Со ДНК тест, американскотио ФБИ откри дека човекот што се претставуваше дека е Тимоти Пицен ,кој 8 години бил киднапиран , е всушност поранешен затвореник , кој сакал слава.

Момчето , кое се појави на улица во градот Њупорт , во државата Кентаки и тврдеше дека е 14 годишниот Тимоти Пицен , киднапиран во 2011 од Илиноис , не е иста личност. Станува збор за поранешен затвореник , 23 годишниот Брајан Мајкл Рини , кој вчера на полицијата , целиот вознемитен и кажа дека е 14 годишниот Тимоти Пицен , кој пред 8 години бил киднапиран , а потоа неговата мајка се самоубила.

Рини , тврдеше дека има 14 години , што веднаш беше проверено , иако тој дури и во полицијата раскажал како ,,им избегал на киднаперите”  и бегал цели два часа од мотелот во Илиноис за да стигне во пограничниот град Њупорт.

Портпаролот на ФБИ , Тод Лингрен денеска изјави дека лицето кое тврди дека е Тимоти Пицен , е затвореник кој на 7 март бил пуштен од затворот во Белмонт , каде одлежал 14 месеци за грабеж и вандализам.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2019 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега