Вистински хорор: Возач доживеал инфаркт на волан, а возилото почнал неконтролирано да се движи (ВИДЕО)
Возач на автобус доживеал инфаркт за време на возењето и паднал на седиштето, а возилото продолжило да се движи неконтролирано.
Меѓутоа, кога возачот се онесвестил истрчале тројца патници и панично се обидувале да го запрат автобусот. Додека двајца патници го зграпчиле воланот и се обидувале да управуваат со автобусот, трет му пружал прва помош на возачот.
Овој морничав инцидент се случил во Кина, а на возачот после 17 часа возење и при брзина од 81 км/ч, во автобус со 30 патници му откажало срцето. Возачот Ли доживеал срцев удар, а еден од патниците кој го извел херојскиот подвиг, Кси Шангпан (45), опишал каква била драмата во автобусот:
„Автобусот почна да оди накриво и цик-цак, како змија. Немав време да ги облечам чевлите и се затрчав долу да видам што се случува и го затекнав онесвестен возачот“, се присетува Кси.
Патниците успеале да го запрат автобусот покрај патот, а брзата помош која брзо пристигнала, го однела возачот во болница, каде состојбата му се стабилизирала.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа