ФОТО: Вака живее принцот од Дубаи - иако опкружен со лавови и прескапи автомобили, се вози со метро
Шеикот Хамдан бин Мухамед ал Мактум, позната како Фаз, не е само принц на Дубаи, туку и крал на Инстаграм кој има 7,4 милиони следбеници.
Тој е син на шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум, премиер на Соединетите Арапски Емирати и владетел на Дубаи. Неговиот татко, кој има уште 13 деца, го именуваше овој принц во 2008 година за свој престолонаследник.
Иако беше втор по ред за тронот, Хамдан ќе го наследи својот татко, бидејќи неговиот постар брат Рашид починал на 33-годишна возраст од срцев удар. Се смета дека Рашид водел бурен живот и дека дрогата го уништила.
Фаз ја посетувал кралската воена академија, која ја завршиле и британските принцеви Вилијам и Хари.
Подоцна во Лондон студирал економија.
Принцот е голем обожавател на животни, а дома има лавови и тигри. Обожава патувања и екстремни спортови.
Се занимава со падобранство, јавање, тенис, велосипедизам, но пишува и песни.
Пред неколку години ја воодушеви јавноста кога со својот татко се возеше волондонско метро, каде не може да се сретне ниту член од британското кралско семејство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа