„Лееше солзи кога го исклучувавме од апарати“ -сопругата на музичарот кој загина со Шабан откри детали

 

Ружица Кериќ, сопруга на починатиот музичар Мирсад Кериќ кој доживеа сообраќајка заедно со Шабан Шаулиќ, смогна сили после погребот да ги раскаже последните мигови од животот на нејзиниот сопруг, кога морале да го исклучат оа апаратот кој го држел во живот.

-Докторите рекоа да седнеме покрај него, да му зборуваме. Имав чувство дека ќе се разбуди. Докторите ми рекоа дека морале да му ја отворат главата поради притисок на мозокот, но ми рекоа дека сега се е во ред. Смирена се вратив во Офенбах поради двете деца, за наредниот ден повторно да се вратам со гардероба за да може да се пресоблече. Меѓутоа, во меѓувреме многу работи се случиле. Додека сум се возела кон Билефелд, му ги тестирале рефлексните зони и сфатиле дека нему мозокот веќе му бил мртов. Тогаш јавниот обвинител потпишал апаратите кои го држат во живот дека мора да се исклучат. Чекале да дојдам, а цело време имавме некакви препреки на патот. Пред вболницата ме чекаше мојот брат и ме викна да запалиме цигара и во тој момент бев изгубена. Кога дојдовме на одделението, ни пријде доктор и ме повика во соба. Докторот бил упатен дека користам силни таблети после операцијата, па не смееле да ми дадат никакви таблети за смирување. Тогаш ме погледна и ми рече дека мојот Мирсо не издржал. Јас ја удирав главата во ѕид и му реков дека не смее да ги исклучува апаратите, бидејќи ги контактирав најдобрите невролози во Германија. Еден од Берлин, а друг од Дизелдорф. Сакав тие да го прегледаат, да го вратат, но ми рекоа дека сето тоа не е можно. Главата му била отворена затоа што јавниот обвинител тоа го барал. Докторот поради своја совест, не слушајќи го јавниот обвинител го оставил Мирсо на апарати додека ние не дојдеме да се збогуваме од него. Кога влеговме кај него, на неговиот лев образ течеше солза, мојот син ги избриша тие солзи и сакаше тие солзи засекогаш да останат на неговата дланка. Паднав на колена и ги молев докторите да не ги исклучуваат апаратите, не ни бев свесна дека тие само вештачки го одржуваат во живот. Апаратите се исклучени во 22:35 часот, тогаш нашиот Мирсад не напушти засекогаш“, раскажала Ружица Кериќ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2019 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега