Најомразената љубовница ја раскажа својата приказна - живеела во нивниот дом и си играла со нивната ќерка

 

Холивуд го тресе скандал, но не е тешко да се погоди дека актери на истиот е кланот Кардашијан. Овој пат се крева прашина околу Клои Кардашијан, која дефинитивно ставила точка на својот однос со кошаркарот Тристан Томпсон, поради предавството кое е тешко да се прости.

Целиот свет зборува за неговата прељуба. Тој имал сексуална афера со Џордан Вуд - најдобрата пријателка на сестрата на Клои, Кајли Џенер, која била блиска со целото семејство.

Џордан практично живеела во домот на сестрите Кардашијан-Џенер, често си играла со детето на Клои и Тристан, имала козметички бренд со Кајли, а наводно ова семејство и претходно ѝ помагало финансиски за пластични операции.

I ovoj ljubavi došao je kraj

Оваа плус сајз манекенка одлучила да ја раскаже својата страна од приказната.

-Само ме бакна. Без страст или нешто друго, ме бакна кога заминував. Не се бакнувавме долго - изјави Џордан и додаде дека таа не е виновна за раскинувањето на Клои и Тристан.

-Не срушив ничие смеејство. Никогаш не би повредила нечиј дом, посебно не на некој кој го сакам и кој има прекрасна ќерка. Никогаш не би се обидела некому да му го земам соопругот, не ми треба таква ситуација во животот. Едноставно повредив многу луѓе не кажувајќи ја вистината - додала таа во солзи.

Клои имала реакција на оваа нејзина изјава, нарекувајќи ја лажга.

 

-Зошто лажеш Џордан? Ако се обидуваш да се спасиш самата себе со јавен настап, наместо пред се да ми се јавиш и да ми кажеш дека ти е жал, биди барем искрена во својата приказна. Впрочем, да - ти си причината што моето семејство се распадна - напишала ријалити ѕвездата на Твитер.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2019 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега