Потрошила 30.000 долари за да личи на принцезата Меган Маркл - вие пресудете дали залудно дала пари
36-годишната Сочитл Гир е самохрана мајка од Хјустон која пред камерите на телевизијата „Еј-Би-Си Њуз“отишла под нож на неколку истовремени операции за да личи на војвотката од Сасекс, Меган Маркл.
На списокот операции кои ги направила се липосукција, пресадување масни наслаги и ринопластика, односно операција на носот,.
-Мислам дека е убава жена, а бидејќи мојот изглед се менува, сакам повеќе да личам на неа - рекла таа пред операцијата.
Уште една причина зошто се одлучила на овој чекор, е тоа дека после разводот со сопругот изгубила самодоверба, па на овој начин сакала да си ја врати.
На операциона маса поминала 7 часа., што ја чинело 30.000 долари. Таа е задоволна со резултатите, иако рекла дека не сака премногу да личи на Меган. Како вам ви се чини, дали вредело?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа