Се огласија лекарите кои се обидоа да го спасат Шаулиќ: Открија што довело до пукање на аортата
Кралот на српската народна музика, Шабан Шаулиќ, загина во сообрачајна несреќа во Германија, откако пијан Германец се забил во автомобилот во кој се наоѓал пејачот.
Обдукцијата е наредена за во четврток, а семејството набрзо ќе може да го види телото на починатиот пејач.
Полицијата соопштила дека автомобилот со кој се возел Шабан ја намалил брзината, поради работа на патот, а другото возило налетало на нив.
Пијаниот возач се гони кривично,а кога станува збор за медицинската помош, докрорка која го водела тимот на спасувачи навела дека Шабан сам излегол од автомобилот и побарал помош.
Таа нагласила дека тој зборувал на српски и не го разбрала, но сфатила дека се жали на болка во грлото и дека состојбата станувала сериозно полоша.Поради подготовки за транспорт, според германски протоколи, му дале сретство а спиење и го внеле во хеликоптер, после несреќата која се случила во 6 часот и 45 минути.
Поради сериозноста на повредеите, одличено е дека Шабан бил во најкритична состојба и е пренесен во наопремената болница во Билферд со хеликоптер, додека останатите дајца се пренесени во други болници со амбулантно возило.
Надлежните тврдат дека пејачот добил најсоодветен третман од целиот медицински тим.
Во билницата пристигнале околу 8 наутро, а после реанимација, морале да му го отворат градниот кош и тогаш виделе дека му е пукната аорта, што медицински е невозможно да се поправи.
Во недела во 10 часот и 25 минути Шабан починал.
Лекарите се сомневаат дека повредата настанала поради појасот во автомобилот, кој при ударот затегнал силно и дошло до пукање на аорта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа