ВИДЕО: Се дрогирала и била порно актерка, па се случил пресврт - денес е друга личност
Мајка на осморка, Наџа Сулејман открила како се вратила на вистинскиот пат, после зависноста од дрога и кариерата како порно-актерка.
Десет години по раѓањето на осморката која преку ноќ ја направило медиумска сензација, Наџа истакнува дека свртела грб на се претходно што правела.
Кростиејќи ја стекнатата слава, станала порно актерка и стриптизета за да состави крај со крај и завршила како зависник од ксанакс. Но 43-годишната Наџа тврди дека така ја убила добрата репутација која ја стекнала со породувањето на осморката, во очајнички обид да си го спаси животот. Затоа е сега посветената мајка, иако има полни раце работа.
-Мојот најголем животен предизвик е аутистичниот син. Сега има 13 години, но засекогаш ќе биде моето бебе - раскажува таа.
-Јас сум негова негувателка откако се роди. Ќе умрам водејќи сметка за него - додава таа.
Денес нејзината осморка изгледа како неверојатна среќна група деца. Во меѓувреме завршила студии за воспитувачка и работи како советник. Кога останала трудна со осморката, веќе била мајка на 6 деца, што значи дека денес има 14 деца.
Кога се породила мнедиумите ја клеветеле за намерно обидување и остварување на гигантска бременост за пари, бидејќи е откриено дека доктор ѝ ставил ембриони во нејзината матка. Кога почнала да бара работа ја прогласиле за лоша мајка.
Борејќи се со сметките, завршила како порно актерка за да обезбеди егзистенција за асебе и децата. Таа објаснува дека еден ден доживеала просветлување кога се вратила дома од снимање во бикини, после што рекла дека зад себе ќе го остави таквиот живот. Во својот дом наичла на 10-годишната ќерка Амер која си играла и се пресоблекувала во разна облека. Парадирала низ домот во чизми кои Наџа ги користела за работа како стриптизета. Тогаш сфатила дека мора нешто да промени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа