Последната СМС порака на Глоговац ја пара душата: „Ечи песна, ние на таблети, се е бизарно но не плачи"
Пријател на Небојша Глоговац една година по неговата смрт ја објави последната СМС порака со него. Вели никој не можел да поверува дека е болен зошто се држел до последниот ден.
Пораката му стигнала рано наутро, а Глоговац уште лежел во болничка постела.
- На една жена од 70. години овде и ѕвони телефонот со "Не спавај мала моја музика док свира". Додека ѕвони не знаеш дали спие, умрела или е на таблети како јас. Така рока додека сестрата не го исклучи телефонот. Мислам дека госпоѓата имала нешто со некој од групата, а се гледа и дека била убава, ама тука е бизарна глетката, гласела пораката.
Често знаел и да му рече ајде не плачи за мене, па не ти се скрши браникот од колата да бидеш тажен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа