ФОТО: Сестрата на трагично загинатиот фудбалер се огласи на Инстаграм - со оваа фотографија расплака многумина

 

Во неделата беше пронајден дел од авионот во кој фудбалерот Емилијано Сала патувал во нови победи. Да се потсетиме, Аргентинецот требаше да игра во дресот на Кардиф, но не успеа да стигне до Велика Британија * авионот во кој се наоѓаше падна, а потрагата по истиот траеше со недели.

Откриено е дека на местото каде пронашле дел од авионот имало и тело, а денеска би требало да се утврди дали тоа е телото на настраданиот фубдлаер или пилотот Дејвид Иботсон.

Неодамна на Инстаграм се огласи и сестрата на фудбалерот, Ромина која објави срцепарателна фотографија. Имено, таа сподели фотографија од кучето Нала кое седи покрај стаклената врата и трпеливо го чека својот господар да си дојде дома.

„И Нала исто така те чека“, напиша Ромина во опис на фотографијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2019 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега