Виделе нешто чудно под фрижидерот и веднаш побарале помош- кога виделе за што се работи останале зачудени
Во Австралја не е реткост да се најде змија во куќата, огромен пајак или некое слично егзотично животно.
Едно семејство морало да повика помош, откако забележале нешто чудно под фрижидерот.
Кога спасувачите стигнале, најпрвин се потрудиле да ја затворат просторијата за да се осигураат дека змијата е на сигурно,а потоа почнале да истражуваат да видат за што се работи.
Под фрижидерот нашле змија долга околу 1,3 метри која се склупчила под фрижидерот.
„Го извлековме фрижидерот и најпрво ништо не видовме. Повлековме еден пластичен дел и ја видовме змијата“ рекол спасувачот.
Змиите во Австралија имаат навика да се кријат на ладни места, во кујната или купатилото, а не е реткост да се сместат и под садоперите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа