ФОТО: Се посрамоти пред светот - поради ова сите ѝ се смеат на пејачката
Пејачката Аријана Гранде стана хит на интернет и цел на потсмев поради новата тетоважа на јапонски јазик, која во превод гласи „Мала скара на јаглен“.
Намерата всушност била натписот на јапонски да гласи „седум круга“, како што е насловот на еден од нејзините последни хитови.
Но, тату мајсторот, по сѐ изгледа сурово се пошегувал со неа.
Инаку, Гранде е вегетаријанка, па интернет шегите за нејзината згрешена тетоважа не стивнуваат, иако таа веќе ја тргна обајавата на Твитер со сликата од тетоважата. Во еден од коментарите претходно, таа и самата се пошегува – „оставете ја мојата скаричка на мир“.
Се чини, твитерџиите уште долго ќе ја нарекуваат „скараџика“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа