Во соседството ни е - ова е најмалиот град во светот
Светот е полн со изненадувања и како што има огромни метрополи, така некаде скриени, се гушат и мали градчиња и села со својата историја и интересни нешта.
Еден таков е градчето Хум, кое според податоците е најмалиот град во светот. Се наоѓа во Хрватска, во центарот на Истра, и таму живеат само 20 жители. Според легендите, Хум бил изграден од камењата што останале од изградбата на големите градови во долината на реката Мирна.
За да го разгледате Хум не ви треба многу - можеби еден час. Но пак вреди да потонете во обиколката на ова мало, загушено, средновековно градче, да се прошетате по калдрмните улички и да ја допрете културата меѓу карпестите тврдини што се издигаат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа