На длабочина од 50 метри под вода, нуркачите забележале нешто необично- откриено богатство старо 2000 години (видео)
Двајца италијански нуркачи случајно пронашле артефакти од античко време кое Римјаните го украле и фрлиле во Средоземното море.
Се верува дека товарот е стар околу 2.000 години и содржи околу 15 галични амфори и друга керамика што се скриена под песокот.
Во ноември, нуркачите ја истражувале вода во близина на Портофино, кога забележале нешто интересно. Археолозите го објавија ова откритие, а ископувањата започнаа минатата недела.
Многу предмети биле пронајдени на 50 метри под површината на водата. Некои од нив се многу добро сочувани, а други станале дом на многу риби и јастози.
„Прво нешто што забележавме беа две грниња како ѕиркаат од песокот .Кога сфативме што сме нашле, бевме многу изненадени.Секој нуркач сонува да најде некое парче од старите антички времиња, па ова за нас беше прекрасно искуство.Археолозите се возбудени исто како и ние, земаа еден примерок за да го испитаа“ рекле нуркачите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа