Добивала морничави закани, па полицијата започна истрага - водителката преживеала сериозни навреди
Припадниците на Одделението за борба против високотехнолошки криминал веднаш ѝ се обратија на компанијата Твитер.
По повод неточни и злонамерни тврдења на поедини политичари дека полицијата не реагирала на заканите кои ѝ биле упатени на новинарката Татјана Војтеховски на социјалната мрежа Твитер, Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полициски службеници во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград денеска веднаш по пријавата отпочнале постапка и истрага.
Полицијата побара итна достава од Твитер за податоци за корисниците од чии профили се упатени закани и интензивно се преземаат сите мерки и се работи на утврдување на идентитетот на овие лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа