Невработената Туфегџиќ за пратеничкото место во СДСМ уплатила над 100.000 денари

 

Кампањата на СДСМ само во последните 10 дена, „граѓанската активистка“ и кандидат за пратеник на опозицијата Ивана Туфегџиќ ја чинела 101.900 денари. Според официјалниот финансиски извештај таа во два наврати донирала на сметката на СДСМ за изборите. Останува нејасно, од каде и се средствата на Туфегџиќ која инаку се води како невработена за да си го плати пратеничкото место, односно на Заев, секој ден да му префрла по повеќе од 10.000 денари.
Дека „граѓанската активност“ добро се исплатува покажува и случајот со „шарениот“ Павле Богоевски. Тој во два наврати на Заев за своето пратеничко место му платил 99.000 денари.
Колку е скап функционерскиот живот на своја кожа почувствува и новопечениот политичар, довчерашен новинар, Мухамед Зекири. Тој во кампањата на СДСМ во последните 10 дена донирал 4 пати, сума во вкупен износ од 180.000 денари

 

Според финансискиот извештај, кампањата на СДСМ чинела околу 320.000 евра.

 
 
02.12.2016 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега