Заев: Ќе го подобриме животот
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, членови од раководство на СДСМ, од Извршниот одбор на партијата, од општинските раководства, вечерва присуствуваа на отворање партиски штабови во општините Шуто Оризари и Арачиново. Вечерва се подготвува и отворање партиски штабови во Старо Нагоричане и во Гостивар со што СДСМ испраќа порака дека е со граѓаните насекаде низ Македонија, стои во соопштението на СДСМ.
Во Арачиново претседателот Заев и граѓаните зборуваа за тешкиот живот и за Планот на СДСМ за живот во Македонија, соопштуваат од Бихаќка.
-Граѓаните пливаат во давачки, извршители, казни стигаат од сите страни. Се што заработуваме, не стига за основна егзистенција. Сиромаштија хара по цела Македонија. Таа не бира Македонци, Албанци, Труци, Срби, Роми. Таа е насекаде присутна. Мораме да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните. Да им помогнеме на младите луѓе, да им обезбедиме работа. Просечната плата да биде 500 евра, рекол Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа