Партијата на Павле Трајанов се распаѓа - членството преминува во ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани сограѓани, почитувани медиуми!!!
Погубната политика на мојот довчерашен претседател Павле Трајанов, ме поттикна од денес, да бидам дел, од победничката партија на следните избори
ВМРО-ДПМНЕ.
Демократски сојуз, стана инструмент во рацете на СДСМ, преку кои се навестуваат црните сценарија за република македонија. Не е замисливо во ситуација на најава за федерализација, за двојазичност, и уништување на македонската историја, Павле Трајанов да остане нем сведок!
Дс се претвори во приватна организација на Павле Трајанов преку која се обидува да истера некои свои лични интереси! Во друштвото со хармоникашот Јове Кекеноски и личните амбиции дојдоја до израз, и се препознати кај сите членови на ДС, кои масовно преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ!
Членовите на ДС сакаат, просперитерна татковина, економски напредок, субвенции, зголемени пензии, сигурни плати и социјални надоместоци!!!
Заради овие причини, ОО на ДС - Прилеп остана без членови последнава недела, вели довчерашниот советник на Демократскиот сојуз во советот на општина Прилеп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа