ДИК апелира: Спорните гласачи да побрзаат да се вратат во Избирачкиот список
Спорните гласачи кои нема да се пријават до рокот, ќе бидат избришани од избирачкиот список. Од евидентираните 1.783.715 лица во Избирачкиот список, кои имаат право на глас на претстојните предвремени парламентарен избори, вкупно 297.109 се во изборната единица 1, 307.675 се во ИЕ 2, 282.885 се во ИЕ 3, 285.628 се во ИЕ 4, 296.322 се во ИЕ5 и во 314.096 се регистрирани во изборната единица 6, пишува Телеграф.
Од ДИК апелираат оние кои не се пријавиле во рокот, тоа да го направат додека трае увидот.
Бавно оди и собирањето потписи за независните кандидати. Засега има пријавено само една листа, онаа на адвокатката Оливера Доцевска за во втората изборна единица, пишува Телеграф.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа