ВМРО-ДПМНЕ Велес: Со кој образ СДСМ зборува за економија и вработувања?
Со кој образ Панче Иванов и СДСМ зборуваат за економија и вработувања. СДСМ од развиен индустриски град Велес го направи град на сиромаштијата, реагираат од ВМРO-ДПМНЕ OК Велес.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението
СДСМ не создаде ниту едно ново работно место во Велес, а ветуваше по еден нововработен во секое семејство. Наместо нови вработувања во нивно време се случуваа технолошки вишоци, масовни отпуштања и рекордна невработеност во градот од над 16.000 лица.
СДСМ не отвори ниту една фабрика во Велес, а ветуваше 90 милиони евра странски инвестиции, за инвестиција на француски „Лор“, т.н проект „Шведско село“ во Караслари.
За СДСМ економска политика значи грабеж на велешките фирми преку криминален процес на приватизација. Транзициските директори на СДСМ ги обезвреднуваа велешките фабрики и трупаа во долгови. Пакоста што ја направија во велешкото стопанство стави катанци на Порцеланка, Свилара, Брако, Графичар, ВелесПром, Интернационал, Транс Велес, ХИВ, ГП Бетон, ГП Пелагонија и ГП Младост.
За СДСМ економска политика е ветување и лажење пред избори.
Народот тоа го знае!
За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ се држи до дадениот збор и ги исполнува ветувањата.
Фабриките кои ги затвори СДСМ добиваат нови инвеститори за рестартирање на производството и враќање на луѓето на работа.
Па така во Велес се изгради фабриката Маркард,STS Textiles вложува во рестартирање на фабриката Нонча Камишова, односно Свилара,Индиската групација БРГ инвестира во поранешната фабрика Порцеланка, компанијата Еуро Брик инвестира во „Киро Ќучук“како и останатите домашни и странски компании кои купија плацови во индустриските зони.
СДСМ никако да разбере дека довербата не се добива со потценување на граѓаните и со манипулации пред избори.
Народот одамна ве има прочитано.
Затоа нема бегање од казната која ќе биде најжестока досега. Датумот е 11-ти декември. Доаѓа крајот на лагите и манипулациите на СДСМ. Доаѓа крај на кризата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа